Денвер нагетс го вратија водството во финалната серија во НБА-лигата со 2:1 откако во третиот меч, кој се играше во Мајами, славеа со94:109
Никола Јокиќ беше неверојатен и незадржлив и оствари нов трипл-дабл од 32 поени, 21 скок и 10 асистенции. Тој стана првиот кошаркар во историјата на финалните мечеви во НБА кој имал учинок од најмалку 30 поени, 20 скокови и 10 асистенции.