Имаше и падови и растови,позитивни и моменти за заборав, загрижени погледи, но има и искра надеж дека македонските одбојкари може да се разбудат и да направат пресврт во групата од Европската сребрена лига. Со една победа над Босна и Херцеговина, два сета и бод на гости кај Романија и пораз во двомечот со Албанија, се уште постојат опции за седмо полуфинале во седмото учество во континенталното натпреварување.Но какви и да се пресметките со победи, со бодови, со сет, дури и со поен-количник,на две кола до крајот, основата е Македонија конечно да одигра вистински. А тоа значи младите примачи Костиќ и Илиев и центарот Савовски да бидат вистинска потпора на она што го нудат искусните, притоа да имаме сигурен прием и одбрана од позиција либеро. Секако, голем плус ќе биде присуството на Владо Милев во тимот. Неговата здравствена состојба е подобра и најверојатно ќе може да придонесе утре против Романците.
За нас маневарот не е преголем, потребна ни е победа против Романија која досега има максимални четири триумфи, а во Скопје допатува без третиот и без четвртиот примач. Сепак,математиката дозволува дури и со пораз да ги задржиме теоретските шанси, носамо доколку Босна и Херцеговина победи во Албанија со 3-0 или со 3-1. Пота ниеќе треба да славиме во Тузла, а Романците да ја потврдат фаворитската улогапротив Албанија. Но што и да велат пресметките, се почнува и завршува со македонскитеодбојкари, со нивниот капацитет да се извлечат од кризната состојба. Го правелетоа во минатото, но во поинаков состав, а сега тие се мистерија и за себе. Затоакој знае, додека топката се врти, се е можно.
Дуелот помеѓу Македонија и Романија се игра вечер со почеток од 20.00 часот со ТВ пренос на МРТ 3 каналот.