вторник, јуни 28, 2022
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Останато

Вчера се одржа веслачка регата “Струга Опен ” (Фото + Видео)

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
јуни 19, 2022
📁 Останато

Вчера 18.06.2022 год во Струга се одржа традиционалната веслачка регата „Струга Опен“ во организација на веслачкиот клуб Црн Дрим од Струга. На истата зедоа учество 5 веслачки клубови од земјава и соседна Бугарија и Грција. Трките се одвиваа на регатната стаза кај Автокампот „Ас“ кај населбата Езерски Лозја.
„Веслачката регата Струга Опен прераснува во сериозно веслачко натпреварување и во својата речиси 20 годишна традиција стана место за одмерување на веслачките квалитети на младите веслачи ширум Балканот. Доказ за тоа е што оваа година видно беше зголемен бројот на клубови од странство и секако натпреварувачкиот квалитет беше на едно многу повисоко ниво.- вели Игор Скепароски од организацискиот одбор на регатата.
Струшките веслачи имаа одличен учинок во трките во кои што зедоа учество а посебно се истакнаа: Елена Столеска која освои прво место во дисциплината Скиф за јуниорки, Климентина Стојмиловска прво место во скиф за кадетки, Александар Хиохи и Леон Шутиноски прво место во дисциплината Дубл Скул за пионери, и Ана Прентоска прво место во дисциплината Скиф за Пионерки, понатаму во успехот на стружани придонесоа и Филип Чабасоски и Владимир Голабоски со освоено второ место во дисциплината Дубл Скул за Јуниори, Вања Кукунеш второ место во дисциплината Скиф за пионери и Евгенија Грданоска која во дисциплината Скиф за кадетки беше трета, а идентичен пласман имаше и во трката Дубл скул за Кадетки заедно со Ана Прентоска.
Претседателот на Веслачката федерација на Македонија д-р Здравко Голабовски го искористи присуството на најважните чинители на веслачкиот спорт во земјава и опкружувањето, и по повод 90 годишнината од веслањето во Македонија им додели пригодни кристални плакети како признание за придонесот во развојот н македонското веслање.

Видео од настанот може да погледнете на следниот ЛИНК.

ShareTweet
Претходна вест

Андријана Петрушовска повторно воодушеви со својот изглед и глас во музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“ (ВИДЕО)

Следна вест

Македонија освои дури 61 медал на Балканското првенство во кикбокс

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Нуров ќе се бори за злато на Медитеранските игри
Останато

Нуров ќе се бори за злато на Медитеранските игри

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
28/Јун/2022
(ВИДЕО) Колорадо аутсајдерски подобар од ЛА Доџерс
Останато

(ВИДЕО) Колорадо аутсајдерски подобар од ЛА Доџерс

✏️ Епов Насе
28/Јун/2022
Нуров во полуфинале! Ќе се бори за првиот медал за Македонија на Медитеранските игри
Останато

Нуров во полуфинале! Ќе се бори за првиот медал за Македонија на Медитеранските игри

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
27/Јун/2022
(ВИДЕО) Прва титула за Колорадо после 2001: Детронизирани шампионите од претходните две сезони
Останато

(ВИДЕО) Прва титула за Колорадо после 2001: Детронизирани шампионите од претходните две сезони

✏️ Епов Насе
27/Јун/2022
Следна вест
Македонија освои дури 61 медал на Балканското првенство во кикбокс

Македонија освои дури 61 медал на Балканското првенство во кикбокс

Последно

Филип Ивановски е нов голман на Бутел

Пролет се засили со повратникот Василевски

Нуров ќе се бори за злато на Медитеранските игри

Никола Митревски ќе биде единствениот македонец во Лигата на шампионите

(ВИДЕО) Колорадо аутсајдерски подобар од ЛА Доџерс

Македонија ја “прегази” Грција со 18 разлика на Медитеранските игри

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.