Вардар со одлична игра го совлада Еурофарм Пелистер во Суперкупот на Македонија со 30:26.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Марко Срдановиќ со 8 и Стефан Петриќ со 7 гола. Кај Еурофарм Пелистер најпрецизни беа Богдан Радивојевиќ со 7 и Каспер Кисум со 6 погодоци.