Ракометарите на Вардар во 5. коло во плеј-офот на Суперлигата славеа со убедливи 36-22 (полувреме 20-10) против гостинот од Струга. Векиќ, Атанасовски и Димитриоски со по 7 погодоци беа најпрецизни во Вардар, додека кај Струга најефикасни беа Дарио Симоновски со 6 гола и Никола Цветаноски со 5 .








