Лидерот Шкендија беше немилосрден кон младиот Вардар, славеше убедливо во Скопје 1:6 и се зацврсти на првата позиција во Првата МФЛ. Домаќините поведоа со голот на Мирчевски, а потоа од гостите следуваше канонада од удари од страна на Шкендија па до крајот на мечот дојдоа до убедлив триумф од 1:6.
Стрелци во победничкиот табор беа двократниот стрелец Ибраими, а по еднаш во листата на стрелци се запишаа: Рамадани,. Дориев и резервистите Хебај и младиот супер талент Елези.