Во СЦ „Јане Сандански“ во сабота од 17 часот ќе се игра големото ракометно дерби помеѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер кое ќе биде клучно во битката за титулата. Се очекува шампионот во македонската Суперлига да биде одлучен во директните дуели помеѓу двете најдобри екипи во моментов.
Во останатите два натпревари од плеј-офот екипата на Охрид го пречекува Бутел, додека во Кавадарци тимот на Тиквеш е домаќин на Еурофарм Пелистер 2.
