Европскиот првак Вардар продолжува во потрага на квалитетни ракометари во пресрет на новата сезона. Откако Чупиќ го продолжи договорот со Вардар, а замина Шишкарев се наметнува прашањето кој ќе му прави друштво на Чупиќ на десната крилна позиција. Според нашите извори најблиску до договор е Македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски. Популарниот Џомба со својот квалитет би бил одличен партнер на Чупиќ на таа десна страна. Останува да видиме дали Вардар и Гоце ќе успеат да се договорат деновиве.