Браќата близнаци, Кевин и Оливие Њокас потпишаа едногодишни договори со „црвено-црните” и веќе се приклучија на тренинзите.
Веќе се завршени сите формалности околу нивниот настап и двајцата се пријавени за домашното првенство и во ЕХФ за настап во лигата на шампионите. Со ангажирањето на браќата Њокас се засилува конкуренцијата на бековската позиција во Вардар.