Еурофарм Пелистер во првото коло од новата сезона во ЕХФ Европската лига загуби дома од данскиот Архус. Веќе утре од 20:45 часот во Португалија следен противник на македонскиот вицешампион ќе биде екипата на Агуаш Санташ Миланеза која исто така беше поразена во првото коло од шпанската Бидасоа Ирун со 35:26. Репрезентативниот голман Марко Кизиќ ќе го нема за нашиот тим, кој како што информираат од клубот, чуварот на мрежата се здоби со повреда на натпреварот со Архус.
„Имаме добри шанси за победа на овој дуел, но мора да признаеме дека се соочуваме со проблеми со повредени играчи, како што се случаите со Суси и Сери. Исто така во ростерот имаме нов ракометар кој што треба да се воигра со екипата. По репрезентативната пауза нашиот ритам се поремети, последните три натпревари не ги одигравме како што треба. Работиме напорно да го вратиме ритамот од претходно и верувам дека тоа ќе се случи на овој дуел. Агуаш Санташ не е толку висок, колку што е брз тим. Има многу подвижен среден бек, на кого мораме посебно да внимаваме. Секој натпревар е многу важен во групата и ако минатата средба правевме грешки, не значи дека овој пат не знаеме и можеме да ги поправиме. Ќе дадеме сè од себе, бидејќи секоја гостинска победа е многу важна. Се надевам првата ќе биде утре“, изјави данскиот тренер кој го води нашиот тим Ларс Валтер.