Еурофарм Пелистер ќе го игра четвртиот европски натпревар оваа сезона. Украински Мотор своите натпревари како домаќин ги игра во Германија и ќе го пречека македонскиот претставник вечерва од 18:45 часот.
Пред заминувањето своите импресии ги искажаа тренерот Валтер и организаторот на играта Танкоски.
Ларс Валтер
(тренер на Еурофарм Пелистер)
Изгледа како да нема крај на проблемите, но имаме уште неколку недели до крајот на полусезоната. Тие сме што сме, ќе се бориме до крај и ќе сториме сè што е во наша моќ да освоиме два бода против Мотор.
Мотор има добри ракометари. Анѓелиќ игра во средината и искусен голман како Кoмок на голот. Од тоа што го видов, играат убав ракомет. Одиграа добар натпревар против Архус, Бидасоа Ирун имаше проблеми со нив, па нема да биде лесно. Мора да дадеме се што имаме и да го добиеме тој натпревар.
Два брзи тима ќе се соочат, мислам дека ќе биде интересен натпревар. Ни треба нашата добра одбрана, последниот натпревар малку поспоро се враќавме, па цел на натпреварот против Јуниор беше да се подобриме. Знам дека не е исто како против Фуксе Берлин, но мора да ги искористиме овие натпревари да се подготвиме за тешките дуели.