Вечерва со почеток од 20.45 часот во Шпанија екипата на Еурофарм Пелистер ќе игра против Бидасоа Ирун во рамките од петтото коло во Европската лига.
Ларс Валтер
(тренер на Еурофарм Пелистер)
Немаме многу време за подготовка за овој натпревар, па затоа важен ќе ни биде тренингот пред натпреварот во понеделник. За жал патуваме во Шпанија без Дејвис, кој се повреди, но во тимот се враќа Павле Атанасијевиќ. Бидасоа Ирун е одлична екипа, играат добро одбрана 6-0 и 5-1, а одличен е и нивниот среден бек. Играат убав, гледлив ракомет и верувам дека ни следи интересен натпревар.