Џејкоб Вајли и Сарагоса брзо го заборавија убедливиот пораз на гостувањето во Бамберг пред една седмица. На свој терен, Џејкоб Вајли и неговите нови соиграчи делуваа сигурно.
Беа и по втор пат подобри од италијанскиот Динамо Сасари. Славеа со убедив резултат од 105:88, па по четири одиграни кола повторно се на првата позиција во групата „Л“ од ФИБА Лигата на Шампионите.
Нашето репрезентативно крило беше еден од петмината домашни кошаркарки кои завршија со двоцифрен број на поени. За 26.минути во игра, реализираше 14.поени, а имаше и 8 скока, 3 загубени и една освоена топка.
Фото и извор: https://kfsm.mk



