Триатлон клубот „3Дисциплини“ продолжува со доминацијата на регионалната сцена. Изминатиот викенд, и покрај настапот со само четвртина од тимот, македонските триатлонци се вратија со пет медали од меѓународниот триатлон натпревар што се одржа на Сребрено Езеро во Србија.
Овој натпревар претставуваше одличен почеток на новата сезона за клубот, кој изминатите години традиционално ја започнуваше сезоната со настапи во земји од Европската унија како Австрија, Германија и Хрватска – каде редовно се освојуваа први места.
На трката во Сребрено Езеро, македонските триатлонци постигнаа импресивни резултати:
- 🥇 Јован Кутаноски – 1. место (категорија: пионири)
- 🥉 Софија Кутаноска – 3. место (пионерки)
- 🥉 Марко Шаврески – 3. место (млади кадети)
- 🥉 Тија Кукунешоска – 3. место (кадетки)
- 🥇 Никола Кутаноски – 1. место во својата возрасна група
Покрај медалистите, одлични настапи имаа и Девран Куртис и Стефанија Кутаноска, кои успешно го претставија клубот и Македонија на овој меѓународен спортски настан.




