Тринаeсет учесници го трчаат 17. Ултрамаратон во чест на Тоше Проески. Тие во Понеделник попладне во 17:00 часот тргнаа од Нова Градишка.

Вечерва на 15 октомври, в вторник, пристигнаа на плоштадот Македонија и одма тргнаа на пат за Крушево, каде што се очекува да пристигнат околу пладне на 16 октомври, в среда, на годишнината од загинувањето на Тоше Проески.

Маратоците ќе бидат пречекани во Крушево, веќе традиционално, со црвени рози, и на Гумење, на вечното почивалиште на Тоше, ќе му оддадат почит на големиот музичар и хуманитарец, познатата македонска и балканска музичка ѕвезда која ги привлекува во Крушево фановите и почитувачите на неговото дело и 15 години од неговото загинување.

Тоше Проески загина во сообраќајната несреќа кај Нова Градишка, Хрватска на 16 октомври 2007 година.





