Левиот бек Дмитро Горига (26) следната сезона ќе настапува за Вардар. Репрезентативецот на Украина игра во двата правца, и во напад и во одбрана и треба да ја засили конкуренцијата во тимот, и да го подигне квалитетот на играта. Иако имаше понуди и од други клубови, реши да дојде во Вардар. Горига ќе остане најмалку една сезона, со можност за продолжување на соработката.
Тој настапуваше за Украина на ЕП во 2022 година кога Украина играше во Сегед, Унгарија. Неколку сезони е веќе интернационалец со искуство играње во Полска и Франција. Играше и во квалификациите за ЕП 2024 година, но тогаш Украина не се пласираше на завршниот турнир.
Дмитро Горига во Скопје доаѓа од Катар каде настапува за тимот на Ал Араби. Претходно има настапувано и во Франција во екипата на Екс Ан Прованс, и во Полска во тимот на Шчечин, а во Украина играл за тимот на Мотор Запорожје.
Во своите витрини ги има пехарите од шампионатите на Украина, и Купот на Украина, а има настапувано и во СЕХА лигата, каде го освои третото место со тимот на Мотор на Ф4 турнирот во Задар.