Андриј Лунин, украинскиот голман беше претставен во 2018 година во ново засилување во Реал Мадрид. Лунин потоа веднаш беше позајмен на Леганес, а потоа и во Валјадолид, но засилувањето што го чинеше Реал 8.5 милиони евра и во овие два клуба не бранеше многу, само петпати вкупно.
Замина и на трета позајмица, овојпат во Овиедо, каде имаше поголема минутажа и настапи 20 пати во 2020 година. Зинедин Зидан одлучи да го врати во Реал Мадрид и Лунин ќе има шанса да дебитира во среда во 1/16-финалето од Копа Дел Реј на дуелот со Алкојано. Андриј Лунин ја дочека својата шанса и дури по 943 дена ќе застане на голот на Кралскиот клуб.