Успешно заврши ракометниот турнир “5-ка за ракомет” организиран од ракометната школа Вардар-Охрид.
Ракометниот турнир се одржа во спортската сала Билјанини Извори каде имаше 200 деца – учесници од следните екипи:
1.ГРК Охрид
2.РК Струга-Динг
3.РК Пантери-Кичево
4.РК Јехона-Гостивар
5.РК Кале Вардар М&К

Преку овој спортски настан се обидуваме на децата да им наметнеме претстава за голем ракомет како и натпреварувачки дух и натпреварувачки карактер. Од клубот им се заблагодаруваат на спонзорите и на Општина Охрид за безрезервната поддршка за организација на овој спортски настан кој се одржува веќе 3-та година. – изјави Борис Џутески.
