На првиот квалификациски турнир кој се играше во Арената „Борис Трајковски“, македонските одбојкари имаат половичен скор, победа над БиХ и пораз од Турција, но од утре започнува и вториот турнир кој исто така се игра во Скопје.
Македонија има шанса и како второпласирана да обезбеди пласман на ЕП доколку биде меѓу петте најдобро вторпласирани селекции од седумте групи. Најдобар во македонската репрезнетација беше Никола Ѓоргиев со 16 поени, додека Александар Љавтов имаше 13 поени, а Николов имаше 9 поени.
Одбојкарите утре ги очекува нов натпревар против БиХ во рамките на вториот квалификациски турнир и максималната победа во три сета е императив за задржување на шансите за пласман на Европско првенство.