Десниот бек на Динамо Букурешт и чешката репрезентација, Станислав Кашпарек, по две сезони минати во Романија најверојатно ќе го засили двократниот Европски шампион Вардар.
Кашпарек потекнува од тимот на Робе Жубри, а од 2015 година е во Унгарија, каде играше за Балатонфуреди и ПИК Сегед. Потоа се пресели во Мешков Брест, од каде во 2022 година се сели во Динамо Букурешт.




