Селекторот Данило Брестовац го објави списокот на ракометари со кој Македонија вечерва ќе и се спротистави на Финска. Во него има тројца ракометари од најракометниот град Струга: браќата Велко и Никола Маркоски и младото десно крило Ненад Костески. Штета што ги нема во составот Марио Танкоски (поради Ковид 19) и столбот во одбрана Мики Куковски со кој бројот на ракометари од градот Струга ќе беше уште поголем.
Натпреварот од квалификациите за Европското првенство помеѓу Македонија и Финска се игра вечерва од 20 часот со директен пренос на МТВ.




