Колку и да се трудите да имате задоволни клиенти или луѓе околу вас, секогаш имате некој кој е незадоволен.
Нивното незадоволство може да биде основано или не (според вас), но сепак е незадоволство. Првото што треба да го направите е да си докажете и да си објасните на самите себеси, дали тоа незадоволство ви е важно или не. Ако не ви е важно, тогаш продолжете понатаму, но ако ви е важно и сакате да бидат задоволни од вас, тогаш:
– Реагирајте веднаш – колку подолго го оставате незадоволството, толку повеќе тоа расте и расте. Незадоволен човек, ако не добие вистински одговор, тогаш само уште повеќе ќе биде незадоволен. Затоа, веднаш јавете се, видете се со личноста за да пробате да дознаете поради што е тоа незадоволство и да се обидете да го промените.
– Активно слушање – веќе кога сте решени дека ви е важно мислењето на незадоволниот клиент и сте решени да се видите/слушнете со него, тогаш нека биде тоа правилно како што треба, а не проформа. Слушај, анализирај и реагирај (прифати дека не си бил во право или да го уверите дека тој/таа не е во право, но не навредувај). Повеќето луѓе сакаат да бидат сослушани и да се чувствуваат разбрани, дури и ако не се согласувате со нив.
– Надминување на „проблемот” – проактивно надминување на проблемот е клучна работа во повторно враќање на довербата или задоволството, наспроти, размислуваме да го решиме проблемот. Проактивно решавање на проблемот бара ваша максимална инволвираност да се реши ситуацијата, но и инволвирање на незадоволната личност во решавањето. Инволвираност може да биде преку:
o Советување со незадоволната личност за побрзо и подобро решавање на проблемот
o Негово/нејзино навистина инволвирање во решавањето на проблемот
– Недоразбирања – најдете го недоразбирањето во комуникацијата, немојте да претпоставувате. Кога ќе го најдете, ќе видите дека многу брзо ќе се реши проблемот, односно дека немало недоразбирање туку комуникацијата не била добра.
– Смирени – немојте да избувнувате или да се нервирате. За сè има решение, па и за овој проблем. Најважно е да бидете смирени, да видите што навистина се случило и да делувате на тоа што се случило да го решите/надминете.
Но да знаете, понекогаш нема што да се направи и луѓето се чини дека само сакаат да бидат вознемирени и незадоволни, но поголемиот дел од времето доколку се јавите и ја објаснете и вашата страна и ја ислушате и нивната, можеби ќе можете да ја средите ситуацијата. Сепак, зависи што сакате!
Со успех во промените,
@kalinbabusku
Член на тимот
МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг



