понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна РАЗНО

TOW#527 – Фиксна v.s варијабилна плата

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
февруари 6, 2020
📁 РАЗНО

Само што дојдов од еден настан за вмрежување, каде што главна тема на разговор беше – дали е подобро да се дава фиксна или варијабилна плата,, кому или како и дали е најдобро да се комбинираат двете.

Во секој случај, како модел што важи и се видел позитивен, кај капиталистички ориентираните економии (каде што нели и ние сме дел), е правилна комбинација на двете, со што би се направил баланс помеѓу целите на компанијата и индивидуалните цели на вработените. Секако, иницијално треба да се направи поделба според позициите и одговорностите на секој од членовите на тимот. Оние што се во првата линија на напад (front line) или работат со/во продажба, реализација, нормативи итн., секако најдобар мотивациски фактор е варијабилниот надомест. Ако продадам повеќе или сработам повеќе парчиња во норма, треба да добијам поголема награда. Оние што се во позадина (back line/support) и работат како поддршка на првата линија, може да бидат на фиксен дел. Секако, во зависност од компанијата и менаџментот, убаво е да се прават повремено анализи на перформансите на вработените, и да се наградуваат годишно, 6 – месечно или после некоја добро завршена работа.

Некои позитивни и негативни аспекти на фиксната и варијабилната плата:

· Продуктивност: со варијабилна плата, секако дека се зголемува мотивацијата кај вработените и следствено продуктивноста. Секој со добра мотивација може да даде повеќе од себе со намера да дојде до саканата цел.

· Конкуренција помеѓу вработените: ова може да е позитивно, и самите вработени со цел да постигнат подобри резултати да се натпреваруваат помеѓу себе, но може и негативно да делува. Толку многу може да се развие конкурентноста, што тоа секако ќе влијае негативно на целата атмосфера на работењето.

· Истакнување на вработени: секако дека варијабилната плата ги издвојува поголемите професионалци од останатите. Според резултатите многу е лесно да се пресмета кој, колку и како работи.

· Однос со клиент: исто така и овој аспект може да се разгледува од две страни. Секако, ако сме стимулирани и добиваме поголема награда, ако ги направиме нашите купувачи среќни, варијабилната компонента влијае позитивно. Но, понекогаш тоа и пречи, ако сте во продажба. Крајните денови кога треба да се исполнат целите/таргетите, може да биде контрапродуктивно и продавачите да ги притискаат купувачите за да си ги остварат целите.

· Рецесии: е сега интересно е дека фиксната плата е поголем мотиватор во ситуација на побавни економии и светски кризи. Поради тоа што продажбата опаѓа во време на рецесија, продавачите не може да ги остварат своите цели и покрај тоа што не ја обезбедуваат очекуваната плата, туку и дополнително се фрустрираат и се демотивираат.

Затоа, фиксната плата дава некаква сигурност дека барем нема да е помалку од тоа.Најинтересно е дека моето искуство, работејќи со многу компании и продажни тимови, кажува дека кај нас продавачите не нешто премногу се стимулираат со варијабилен дел. Со многу менаџери сум зборувал и ме прашувале како да ги мотивираат со процент, кога продавачите не ги мотивира таков тип на стимулација. Јас многу имам размислувано – зошто е таква ситуацијата, кога знам и дека во Америка, на пр., вработените во кафуле се борат да бидат келнери, а не бармени, иако келнерот зема 2 $ на саат, а барменот 8 $. Келнерот знае дека ќе добие неколку пати повеќе поголема заработувачка поради бакшишот.

Како некој генерален заклучок ми е тоа што, прво потекнуваме од социјалистички систем, каде што не постоел варијабилен дел и таков начин на работа и стимулација на вработените, а друго е изгледа тоа што ние сме постојано во рецесија и едноставно поважна ни е сигурноста, отколку неизвесноста што доаѓа со варијабилна мотивација.Како и да е, живееме во суров капитализам и мора да се адаптираме на условите на работење. Само треба да се најде оптималниот баланс.

Со успех во промените,

Петар Лазаров

Член на тимотМАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг

www.macedonia-export.com

Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга
ShareTweet
Претходна вест

Лазаров и Нант со тешка победа

Следна вест

Гласајте за “Медена Земја” (линк)

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Пристигна најновата летна колекција во Бутик НИКИ во Струга
РАЗНО

Пристигна најновата летна колекција во Бутик НИКИ во Струга

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
08/Јул/2024
ПРЕКРАСНО! Ученици донираа апарат за анализа на крв за мали деца и бебиња во болницата во Кавадарци
НАСТАНИ

ПРЕКРАСНО! Ученици донираа апарат за анализа на крв за мали деца и бебиња во болницата во Кавадарци

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
17/Дек/2023
Македонија ги собра медалите на математичката олимпијада
ЗАБАВА

Македонија ги собра медалите на математичката олимпијада

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
12/Јул/2023
Неверојатно! Се продава Lada Niva од 1980 година за 265.000 евра
МАГАЗИН

Неверојатно! Се продава Lada Niva од 1980 година за 265.000 евра

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
24/Мај/2023
Следна вест

Гласајте за "Медена Земја" (линк)

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.