понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна РАЗНО

TOW#514 – Карактер

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
ноември 5, 2019
📁 РАЗНО
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга
Поттикната од неодамнешниот разговор што го имав со еден моите менаџери, несомнено е дека растот на нашата кариера и репутација, освен од нашето стекнато знаење и вештини, во голема мера зависи и од нашиот карактер. По дефиниција, под карактер се подразбираат нашите морални и ментални капацитети, карактеристични за секој од нас. Кога ни се случува кариерно нарушување, ретко размислуваме дали тоа е последица на нашето секојдневно однесување. Психолозите велат дека е тоа така, затоа што човекот има тенденција да се фокусира само на своите силни страни кои, пак, тесно коегзистираат со своите спротивности, кои иако нам ни се чинат поволни, можат сериозно да ја нарушат нашата кариера. Во дадени моменти, ние реагираме според оној терк кој ни го наложуваат нашите вродени карактерни црти, но сепак, доколку ги препознаеме и свесно работиме на нивно подобрување, можат да ни бидат од голема корист.
Еве неколку карактерни црти кои во своите крајности, на подолг рок, сериозно можат да ѝнаштетат на нашата кариера.
Перфекционизам – не бидете премногу строги кон себе! Нереално е да верувате дека никогаш нема да згрешите во вашата кариера, но немојте претерано да се критикувате откако ќе ви се случи тоа. Можноста за брзо закрепнување и учење од грешките е она што ве прави професионалец.
Храброст – многу убави идеи никогаш не се реализирани поради недоволната храброст за да се кажат. Секако, секогаш е полесно нешто да се премолчи, но секој нов ден имаме нова шанса да преземеме ризик и контрола врз нашата кариера.
Отпор спрема промени – во секоја компанија неизбежно е да се случат промени. Не заземајте одбранбен став, бидејќи тој ве спречува да го извлечете најдоброто од ситуацијата. Истовремено, кога влегувате во нова средина, не е нужно по секоја цена да внесете некоја промена. Запознајте ги традициите и процедурите во средината и ако може да ги надградите или разубавите, предложете иницијатива, во спротивно потрудете се да се вклопите во воспоставениот ред.
Повлеченост – не се плашете да зборувате за работите кои ви пречат, за работите кои ве радуваат, за работите што се случуваат . Работите кои ги премолчувате само ви создаваат фрустрација. Разговарајте одмерено и бирајте ги зборовите, внимавајте да не го навредите вашиот соговорник. За оние од другата страна на овој спектар, one extra tip, бројте до 10 секогаш пред да кажете нешто кое што ќе предизвика бура на работното место.
Нарцисоидност – во ред е да имате самодоверба и да се сакате себеси, но во овој живот никогаш нема да го достигнете својот максимум и константно ќе работите за да бидете сè подобри во својата дејност. Без оглед колку сте успешни, не сте богови! Свртете се околу вас, заблагодарете се на својот тим и радувајте се на секој заеднички постигнат успех.
Намуртеност – доколку постојано се жалите или нешто ви пречи, сигурно сте најомразениот човек во канцеларијата. Запомнете: вашата болка, навреденост, расположението, лошиот ден, ароганцијата, не се поважни од сите други. Размислете како вашата енергија влијае на вашите колеги и целите кои си ги имате поставено.
Озборување – ова не е нешто што треба да го правите ниту кога пиете кафе со пријателите, особено на работа дефинитивно е неприфатливо. Озборувањето е одлика на слабите и доколку сфатите дека многу често ви се случува да го правите ова, тогаш е време за себеанализа и за промена.
Одговорност – многу убава карактерна особина, за жал, во изумирање. Преземете одговорност кога работите, тоа е клучот за успешно изработени работни задачи, па макар и да згрешите. А ако згрешите, прочитајте ја точка 1 повторно.
Нашето однесување има голем удел во нашиот кариерен развој и тоа треба да биде нашата најдолгорочна стратегија на која неуморно треба да работиме. Запомнете, секогаш има начин да се искупите доколку сте жртва на сопствениот карактер.
Наташа Шопова
Graphic Designer и Член на тимот
МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг
www.macedonia-export.com
ShareTweet
Претходна вест

Деветото издание на “Имам нешто да ти кажам” oвој четврток во Shilla – coffee & bar

Следна вест

СЕХА – Meшков славеше против Еурофарм Работник во Битола

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Пристигна најновата летна колекција во Бутик НИКИ во Струга
РАЗНО

Пристигна најновата летна колекција во Бутик НИКИ во Струга

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
08/Јул/2024
ПРЕКРАСНО! Ученици донираа апарат за анализа на крв за мали деца и бебиња во болницата во Кавадарци
НАСТАНИ

ПРЕКРАСНО! Ученици донираа апарат за анализа на крв за мали деца и бебиња во болницата во Кавадарци

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
17/Дек/2023
Македонија ги собра медалите на математичката олимпијада
ЗАБАВА

Македонија ги собра медалите на математичката олимпијада

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
12/Јул/2023
Неверојатно! Се продава Lada Niva од 1980 година за 265.000 евра
МАГАЗИН

Неверојатно! Се продава Lada Niva од 1980 година за 265.000 евра

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
24/Мај/2023
Следна вест

СЕХА - Meшков славеше против Еурофарм Работник во Битола

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.