понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна РАЗНО

TOW#504 – Преземање на одговорност

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
август 26, 2019
📁 РАЗНО
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга
Личната, наспроти колективната одговорност е многу мала. Да тргнеме прво од таа констатација, па после тоа сè друго!
Проблемот е во тоа што, во ера на борбата за работно место, тоа е така и искрен да бидам, никако двете работи не ми одат едно со друго. Но, она што го забележувам кај работодавците, но и кај младата работоспособна генерација, тој концепт пополека се менува. И поради тие промени, личната одговорност станува сè побарана, а нормално, со тоа растат и довербата кон тие луѓе, а како расте довербата, со тоа расте и вашето влијание во компанијата, а нормално е да расте и платата.
Но, лесно е да се каже, тешко е да се имплементира, а згора на тоа, поголем е бројот на луѓе кои не веруваат во оваа моја констатација отколку оние кои веруваат, а соодветно на тоа знаат и дека овој концепт на размислување ќе им помогне не само на работа, туку и во приватниот живот.
Затоа, доколку сте од оние кои сакате да почнете да преземате одговорност и да почнат луѓето да „сметаат” на вас и да имаат доверба во вас тогаш:
– Самосвесност – најмногу ќе треба да работите на неа, затоа што таа ќе може да ве демотивира да продолжите понатаму. Преземањето на одговорност не ја забележуваат сите менаџери, што не значи дека не треба да продолжите.
– Разговарајте со претпоставените – важно е да им се укаже на вашата желба за преземање одговорност, и секако, во еден период и толеранција од нивна страна. Нивната поддршка е повеќе од добредојдена, но не може да трае вечно и тоа имајте го на ум!
– Обвинување на другите – ќе мора да прекинете со обвинување на другите иако за нешто вие сте биле одговорни, и тоа да биде ваша одговорност. Но генерално, обвинување на другите е една од првите работи за кои ќе треба да прекинете да ги правите.
– Од најниско до највисоко ниво – не знам која е вашата моментална позиција, но почнете со преземање на одговорност од некои „небитни” работи, за да почнете пополека да преземате одговорност за поважни работи.
– Проактивност – не секогаш треба и мора да чекате некој друг да ви даде „зелено светло“ за да направите некоја работа. Преземете иницијатива и сторете го она што треба да се стори пред некој да ве праша (или некој друг) да го стори тоа.
– Ветувања – почнете да ветувате дека некои работи ќе ги исполните и дека ќе пробате да ги исполните сами. Почнете со исполнувања на работи кои сами можете да ги исполните, па после тоа како дел од помал, па подоцнаи поголем тим.
Ви дадов некои совети како да почнете да преземете (лична) одговорност, но она што е најважно е дека не треба да имате страв. Не треба да се плашите дека тоа што го правите е погрешно, туку баш напротив, тоа само може да ви донесе успех во вашиот натамошен развој, но само ако учите од секоја преземена одговорност.
Со успех во промените,
@kalinbabusku
Член на тимот
МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг
ShareTweet
Претходна вест

Скарлет Јохансон повторно е најплатена актерка во светот

Следна вест

(Видео) Првата одбрана на Томовски во Бундес-лигата беше зицер над големиот Уве Генсхајмер

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Пристигна најновата летна колекција во Бутик НИКИ во Струга
РАЗНО

Пристигна најновата летна колекција во Бутик НИКИ во Струга

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
08/Јул/2024
ПРЕКРАСНО! Ученици донираа апарат за анализа на крв за мали деца и бебиња во болницата во Кавадарци
НАСТАНИ

ПРЕКРАСНО! Ученици донираа апарат за анализа на крв за мали деца и бебиња во болницата во Кавадарци

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
17/Дек/2023
Македонија ги собра медалите на математичката олимпијада
ЗАБАВА

Македонија ги собра медалите на математичката олимпијада

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
12/Јул/2023
Неверојатно! Се продава Lada Niva од 1980 година за 265.000 евра
МАГАЗИН

Неверојатно! Се продава Lada Niva од 1980 година за 265.000 евра

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
24/Мај/2023
Следна вест

(Видео) Првата одбрана на Томовски во Бундес-лигата беше зицер над големиот Уве Генсхајмер

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.