понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна РАЗНО

TOW#488 – Без компас

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
мај 9, 2019
📁 РАЗНО
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга
Компас е направа која им помага на голем број луѓе да најдат во која насока се движат или да им помогне во која насока да се движат.
Но, ние некако како да сме го изгубиле компасот и не знаеме во која насока се движиме или кон каде сакаме да се движиме. Набљудувајќи го целиот свет, но еве, да не збориме за целиот свет, да се фокусираме на нашата држава, ќе сфатиме дека немаме јасна визија кон каде одиме и што сакаме, а овдека најмногу мислам на економскиот дел од општеството.
Кога сте без компас, се движите во сите насоки, без некој редослед, пробувате на сите врати, па која се отвори, таму да влезете…. едноставно очекувате во еден момент среќата да ви се насмевне.
Но, како побргу да ве огрее сонце или среќата да ви се насмевне? Како побргу да го најдете својот компас?
· Планирање – неколку пати сме збореле за планирањето и за неговата важност, но овде ќе му дадам посебно внимание. Знаете како, без добро планирање, навистина ќе ви треба компас за да ви помогне каде да се движите, но сигурно нема да ви каже дали добро се движите во тој правец!
· Стратегија – еве, запрашајте се: кој од вас има стратегија за она што го прави? Дали знаете некој бизнисмен или некоја компанија која има направено стратегија? Ако да, колку од нив и дали они се сигнификантен број во вкупната бројка? Стратегијата не е библија, таа е насока која ви помага кон каде да се движите и како тоа најдобро да го направите
· Стравови – стравовите се најчеста причина да се најдете во ситуација кога сте без компас. Стравот се јавува најчесто поради тоа што фирмата или околината се движи во насока која е непозната или поради тоа што не сакаме да направиме некои промени, па едноставно, ќе си тераме по старо! Стравот е најдобар пријател на паниката и кога ќе се здружат, лутање без компас е неминовна работа. Пробајте да немате страв,а со самотот тоа и ќе овозможите да ја најдете и насоката на ваше движење.
· Фокус – само со фокус на она што сте го наумиле да го направите или да го остварите, само со фокус на вашите идеали и напори, само со фокус на работата и кон нејзе, ќе имате јасна визија кон каде одите. Дефокусираните луѓе се луѓе без компас, и немојте да дозволите да ве навлечат на нивната воденица.
· Знаење – без знаење (теоретско и практично), неминовно е да сте без компас. Знаењето е основа на сите понатамошни напредоци и е фундаментално за развојот и за растот на еден човек или компанија. Само со соодветно знаење и образование можете да бидете спокојни дека компасот секогаш ќе биде во вашите раце.
· Работа и труд – кој работи има право да греши, кој греши напредува. Само со работа и со труд можете да знаете дали се движите во вистинска насока или не. Ако сте мрзелив или чекате некој друг да ви ја заврши работата наместо вас, така ќе биде и со целиот ваш живот, а со тоа, компасот ќе го има некој друг за вас, наместо вие за самите себе!
Има уште многу работи кои може да ви помогнат околу тоа како да го најдете вашиот компас и како да се движите во насока која е за вас посакувана, но на вас е дали компасот ќе биде кај вас или некој друг ќе го има наместо вас.
Со успех во промените
@kalinbabusku
Член на тимот
ShareTweet
Претходна вест

Струга го совлада Прилеп

Следна вест

ПРВА ЛИГА ЖЕНИ: Вардар, Бадел, Струга и Работнички ќе се борат за титулата

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Пристигна најновата летна колекција во Бутик НИКИ во Струга
РАЗНО

Пристигна најновата летна колекција во Бутик НИКИ во Струга

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
08/Јул/2024
ПРЕКРАСНО! Ученици донираа апарат за анализа на крв за мали деца и бебиња во болницата во Кавадарци
НАСТАНИ

ПРЕКРАСНО! Ученици донираа апарат за анализа на крв за мали деца и бебиња во болницата во Кавадарци

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
17/Дек/2023
Македонија ги собра медалите на математичката олимпијада
ЗАБАВА

Македонија ги собра медалите на математичката олимпијада

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
12/Јул/2023
Неверојатно! Се продава Lada Niva од 1980 година за 265.000 евра
МАГАЗИН

Неверојатно! Се продава Lada Niva од 1980 година за 265.000 евра

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
24/Мај/2023
Следна вест

ПРВА ЛИГА ЖЕНИ: Вардар, Бадел, Струга и Работнички ќе се борат за титулата

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.