вторник, ноември 17, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна РАЗНО

TOW#473 – Парите како последица

Еден наш многу ценет соработник и пријател, со огромно претприемничко искуство и долги години во приватниот бизнис, еднаш на Калин и мене ни кажа - „Ако ги гледате парите како последица, а не како причина во/за бизнисот, имате големи шанси да изградите и да создадете органски, стабилен и силен бизнис”. “ПАРИТЕ КАКО ПОСЛЕДИЦА, НЕ ПРИЧИНА!” Димче Котевски

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
јануари 23, 2019
📁 РАЗНО
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга
Иако звучи едноставно, оваа филозофија на работење, во практиката е многу тешко да се следи. И тоа, не е само поради економската состојба во која се наоѓаме. Или, тоа дека парите ни се огромна потреба/притисок, па поради тоа често знаеме да донесеме одлука следејќи ги нив, а не нашата цел. Дополнително, ако погледнеме околу нас (локално и глобално) повеќето од бизнис луѓето напротив, ја следат обратната филозофија. Повеќето ги ставаат парите како причина за почнување некој бизнис или за носење на одлука при вработувањето. Највеќе за тоа допринесува тоа што самиот систем што владее глобално, главниот фокус го става на парите и на мотивација на бизнис луѓето да прават што повеќе и повеќе пари. Поради тој начин на функционирање, свесни сме што се случува и на што сè човек е подготвен да направи, само да дојде до пари.
Ваква слична филозофија еднаш ја промовираше и Стив Џобс. Тој вели, не треба парите да ви бидат причина кога започнувате некој бизнис. Многу поважно е да го знаете вашето „ЗОШТО?”. Зошто го правите ова, или го започнувате некој бизнис, или зошто сте ја донеле одлуката да се вработите некаде итн. Секогаш тоа ЗОШТО е многу помоќно и подлабоко, како мотивација, отколку парите или кој било друг фактор што влијае на нашите одлуки. И тоа секогаш доаѓа од стомакот, а не од умот.
Ако ги гледате парите како последица на тоа што го работите, вие ќе можете да:
· Бидете вистински професионалци во вашата работа;
· Го дадете најдоброто од вас;
· Бидете вистински посветени на вашата цел, идеја, филозофија (т.е. нема да ја изгубите вашата мисија и идентитет на компанијата);
· Носите поквалитетни долгорочни одлуки;
· Ги намалите стратешките грешки;
· Го намалите ризикот од правење нелегални работи (парите се чуден феномен. Понекогаш не ни може да замислиме што е човек способен да направи, да го загрози својот личен и на фамилијата идентитет и морал, само да стигне до пари);
· Станете посилни (не е лесно да се издржи во остварувањето на вашите цели);
· Бидете порелаксирани во работата и донесувањето на одлуките;
· Одете со задоволство и со позитивно чувство на работа;
· Работите повеќе на себеси (кога нешто толку посакуваш, моментот кога ќе го добиеш веќе го губиш мотивот за личен раст и развој);
· Направите повеќе пари (ако сте релаксирани од товарот да направите пари, ако постојано креирате, нешто може и ќе успее и ќе направи многу пари);
· Создавате големи дела (успешните луѓе што ги читаме во книгите, сигурно не ги направиле тие успеси само ако ги следеле парите. Тие имале поголема визија и идеологија која ја следеле).
За што било, секогаш внимавајте што ќе ставите на прво место!
Со успех во промените,
Петар Лазаров
Член на тимот
МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг
ShareTweet
Претходна вест

(Видео) Мартинијан со преработка на песна од Магла Бенд и Наташа Беквалац

Следна вест

(Фото) Најпознатата српска фитнес ѕвезда позира во бикини на снег

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Пристигна најновата летна колекција во Бутик НИКИ во Струга
РАЗНО

Пристигна најновата летна колекција во Бутик НИКИ во Струга

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
08/Јул/2024
ПРЕКРАСНО! Ученици донираа апарат за анализа на крв за мали деца и бебиња во болницата во Кавадарци
НАСТАНИ

ПРЕКРАСНО! Ученици донираа апарат за анализа на крв за мали деца и бебиња во болницата во Кавадарци

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
17/Дек/2023
Македонија ги собра медалите на математичката олимпијада
ЗАБАВА

Македонија ги собра медалите на математичката олимпијада

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
12/Јул/2023
Неверојатно! Се продава Lada Niva од 1980 година за 265.000 евра
МАГАЗИН

Неверојатно! Се продава Lada Niva од 1980 година за 265.000 евра

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
24/Мај/2023
Следна вест

(Фото) Најпознатата српска фитнес ѕвезда позира во бикини на снег

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.