МЗТ Скопје Уни Банка пружи достоен отпор, победникот решен во последната минута (85:78) во корист на Работнички.
„Црвено-белите“ важеа како фаворити против екипата која за прв пат во својата тренерска кариера ја водеше Перо Блажевски. Делумно и го оправдаа тој епитет, ако се земе в предвид дека пред крајот на втората четвртина имаа и двоцифрен плус. Но требаше сериозно да се помачат момците кои од другата страна на игралиштето ги предводеше Тони Симиќ, за да дојдат до планираната цел.