Сениорската ракометна репрезентација на Македонија се подготвува за баражот за пласман на Светското првенство кад противник ни е Фарски Острови.
„Името и традицијата велат дека се неатрактивни, сепак ќе биде пеколно тешко. Најважно е што здравствениот билтен е одличен и сите ракометари се физички подготвени да одговориме на барањето на селекторот и верувам со ќе имаме успешен дел и ќе се пласираме на СП. Играта ни е позната, брзата транзиција мораме да ја стопираме, главен адут им се средниот и левиот бек, но сите останати ракометари со исто добар квалитет, играат во добри лиги. Ги гледавме натпревари играат седум на шест, сите добро го познаваме тој дел ќе знаеме да одговориме на барањето. Клучна ќе биде добрата одбрана, на која да се стремиме, верувам дека можеме да радуваме на крајот“, изјави Мартин Томовски.
Првиот меч меѓу Македонија и Фарски Острови се игра на 8 мај во Торшавн, додека реваншот е закажан за 12 мај во Скопје