Тиквеш со победа го стартува плеј-аутот oткако славеа кај Јуниор Кисела Вода со 18-26. Најдобри стрелци кај победникот беа Страхиња Симиќ и Пеце Ѓорѓиевски со по 6 гола, додека Јуниор Кисела Вода, Марио Гичев даде 5 гола.
Младост Богданци славеше на гости кај Астраион со 24-30. Искусниот Мите Караиванов беше предводник на Младост со 10 гола додека кај Астраион, Јанковски и Наков постигнаа по 7 погодоци.