Викендов се игра 12.коло од Суперлигата кај мажите. На програмата има неколку интересни натпревари во групата Б.
Најинтересно се очекува да биде на дуелот во “Македонско сонце” каде Пролет го пречекува Тиквеш. Голден Арт го пречекува Радовиш во вториот дерби натпревар ова коло. Во останатите натпревари Скопје е домаќин на “вториот” тим од Битола, додека Еурофарм Пелистер го пречекува Јуниор КВ.
Во продолжение погледнете го распоредот на сите натпревари како и тоа кои се судии и делегати на истите.
