По пет порази по ред кошаркарите на ТФТ го пронајдоа патот кон победата. Во дуелот против екипата на Гостивар, екипата од Тафталиџе имаше доста подобра завршница од екипата која важеше како фаворит и стигна до мошне значаен триумф пред паузата во Првата лига изразено во резултат од 81:73.
Во победничкиот табор со по 19 поени се истакнаа американците Хортон и Харис, а двоцифрен учинок уште имаа Андерсон со 16 и Николов со 11 поени. Во тимот на Гостивар Тодоровиќ со 20 и Мозли со 12 поени имаа недоволен учинок за да се дојде до позитивен резултат на овој првенствен натпревар во рамките од 10 коло.



