Ова 11 годишно момче подржан од неговиот татко на свои 9 години почна да учествува и победува на регионалните натпревари каде неговиот талент беше препознаен од реномираната картинг школа LKM Racing.Ланската година учествуваше на неколку мегународни натпревари во Швајцарија и Франција,каде со малку искуство за разлика од неговите поискусни конкуренти тој завршуваше помеѓи најдобрите топ 5 пилоти.
Ова година е пријавено учество во официјалните натпреварувања на шампионатот на Швајцарија во категоријата Х30 Мини.
Тофан Панделиев постигнува многу охрабрувачки резултати во неговата школа за картинг LKM Racing,како и на патеките.Теофан генерално ги постигнува најдобрите времиња,што беше повод да го подржат и да му овозможат учество и калење во првенствата во Швајцарија,како и турнири во Франција, а како шлаг на тортата Теофан веќе доби билет за учество на Светскиот Шампионат во картинг које ќе се одржи на патеката во Валенсија-Шпанија,на кој од него се очекува голем успех.
Овој Македонски талент кој по потекло е од с.Мокриево (Струмичко) а живее во Швајцарија сонува да биде македонска гордост во светот.