Една од најдобрите ракометарки во македонската Женска Супер лига, Теодора Гулицоска, официјално се приклучува на стручниот штаб на клубот. Таа ќе соработува со тренерите Владимир Паноски и Маја Попоска, со цел унапредување на тренажниот процес и развојот на младите ракометарки.
Гулицоска, позната по својата посветеност и искуство на теренот, во новата улога ќе внесе дополнителен квалитет и професионализам во работата на тимот.
Од клубот истакнуваат дека нејзиното доаѓање претставува значаен чекор во зацврстувањето на стручниот тим и амбициите за постигнување повисоки резултати во претстојната сезона.




