Струга и отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ и оваа година од 16 до 19 август ќе бидат домаќини на 51. издание на Меѓународниот струшки ракометен турнир.
„Фактот што турнирот влегува во шестата деценија покажува за каков турнир се работи. Голема благодарност до АМС и РФМ што даваат максимална поддршка за овој турнир да биде на едно високо ниво, и од година во година да расте, како организациски, така и натпреварувачки. Пораснавме на отвореното игралиште и како играчи и сега како тренери. Поминаа многу ѕвезди, многу ракометни имиња, така и ќе продолжи. Ќе има добар ракомет, врвни екипи…ги повикувам сите љубители на ракометот да дојдат и да ги следат овие натпревари“, изјави тренерот на стружани Наум Танески во пресрет на турнирот.