Пролетва македонските клубови Еурофарм Пелистер и Вардар доживеја на два пати порази од хрватскиот вицешампион Нексе.
Најпрво Давид Дејвис стратегот на Вардар беше на два пати надмудрен од Бранко Тамше во натпреварите од Сеха лигата. Додека претходнава недела во осминафиналето од Лига Европа одличниот тактичар Тамше на два пати го надмудри и Жељко Бабиќ тренерот на Битолчани. Честитки и респект за словенечкиот тренер кој сосема заслужено слави 4:0 против македонските клубови.




