ЖФК Каменица Саса откако ја освои првата своја историска шампионска титула ги продолжува договорите со првотимките, а редот сега и дојде на Мила Талевска која го продолжи договорот на 2.5 години или со важност до 30.06.2023 година.
Талевска може да одговори на неколку позиции на теренот, односно е универзален играч кој секој тим би ја посакал. Во својата кариера има и интернационално искуство па тимот на ЖФК Каменица Саса заврши огромна работа со продолжувањето на нови дововори со првотимките со амбиција за одбрана на шампионската титула.
Фото: ЖФК Каменица САСА



