Во саботата на 14 Март,се одржа Државното првенство во Традиционално Таеквон-До ИТФ,организирано од Македонската традиционална теквондо федерација.На настанот присуствуваа натпреварувачи од повеќе клубови од цела држава.
На натпреварот учествуваа 88 натпреварувачи кој се натпреваруваат во две дисциплини. Нашиот клуб “Сонкал”-Мислешево зеде учество со 8 натпреварувачи од кои покажаа одлични резултати,и нашиот клуб според освоените медали-6 златни,4 сребрени,3 бронзени и 2 пехари за најдобри поединци се најде на второто место.
Поединечни резултати:
-Јаков Гагалески- 1во место форми,1во борби и пехар за најдобар поединец 8-9 години
-Дамјан Гагалески-2ро место форми,2ро место борби
-Кристијан Гагалески-3то место форми,1во место борби
-Теодор Ѓорески-1во место форми,1во место борби и пехар за најдобар поединец 10-11 години
-Дамјан Секулоски-2ро место форми,2ро место борби
-Лука Милошески-1во место во форми,3то место во борби
-Павел Џикоски-2ро место во форми,2ро место во борби
-Максим Шулески- 3то место во форми




