Воска Спорт од Охрид е лидер и есенски шампион во Трета лига – Југозапад по 11 одиграни кола. Воска заврши со 29 бода и се за еден бод подобри од второпласираниот Караорман. На третото и четвртото место се Новаци и Кравари со по 22 освоени бода.
Струшки Караорман цели на повисок ранг исто како и Воска, а за да ги оствари своите амбиции, секако ќе им биде потребно квалитетна зимска подготовка, рехабилитирање на повредените фудбалери и засилување на играчкиот ростер, секако пропратено со адекватни тактички промени во играта.