Вардарки го добија кадетското дерби против екипата на Металург. На натпреварот кој вечерва се одигра во салата „Круме Кепески“, црвено – црните славеа висока победа изразена со резултат 25:42 (13:19).
Вардар: Ивана Трифуноска 8, Јана Стојанова 2, Елена Балоска 7, Неда Јанева 6, Јована Павиќевиќ 1, Мила Ристовска 4, Михаела Петровска, Ноели Ангелов, Инес Ангелов, Драгана Тодоровска 7, Мила Николовска 2, Мила Манева, Сара Ристовска 5, Сара Дамјаноска.
Стружанките Трифуноска со 8 гола , Балоска со 7 погодоци и Мила Ристовска со 4 беа одлични во победата во кадетското дерби.




