Теодора Дукоска младата македонска репрезентативка имаше пеколен и незаборавен викенд во дресот на словачкиот тим Јувента Михаловце, потврдувајќи дека прераснува во една од најважните ракометарки во регионалната МОЛ лига.
За само 48 часа, Јувента одигра две тешки гостувања во Чешка, а Дукоска беше вистински лидер на теренот. Најпрво, во победата против Сокол Поруба (30-22), таа запиша 3 гола, за само еден ден подоцна да одигра спектакуарен меч против Злин. Во триумфот од 29-26, Дукоска беше меѓу најдобрите стрелци со 5 постигнати голови, носејќи му драгоцени бодови на својот тим.
Со овие врвни партии, Јувента Михаловце се искачи на апсолутниот врв на табелата во заедничката чешко-словачка лига со 14 бодови од 9 кола, оставајќи ги зад себе конкурентите како Дунајска Стреда и Мост.
Заедно со другата македонска репрезентативка, Сара Миновска, Дукоска покажува дека македонскиот ракомет има светла иднина и дека нашите девојки можат рамноправно да носат главен товар во европски клубови од висок ранг. Ако се суди по овие игри, Теодора ја чека многу успешна сезона и уште многу блескави моменти на европската сцена!




