Стружанката Ивана Трифуноска беше херој на македонската ракометна репрезентација во победата над Фарски Острови со 31-28. Таа постигна 10 гола и заслужено беше прогласена за МВП на натпреварот.
Со овој триумф, Македонија останува во борба за опстанок во елитната конкуренција на Европското првенство. Во недела ќе се соочи со победникот од мечот меѓу Турција и Романија за пласман на 21. место.




