Ракометарката од Струга, Елена Ѓорѓиевска, имаше вечер за паметење во турскиот шампионат и беше херој на Одунпазари во сензационалната победа против актуелниот првак Јаликавак (30–29).
Десниот бек одигра лидерска улога и со дури девет погодоци ја предводеше својата екипа до огромен триумф.




