Стружанка дома славеше против фаворитот Чаир во 6. коло од плеј-офот во Женската лига со 29:28.
Најефикасни во составот на Стружанка беа Делиоска со 10 погодоци, додека ја следеа Затурока и Переска со по 5 гола. Во тимот на Чаир се истакна стружанката Теодора Дукоска со 8 голови.



