Жрк Вардар во 7. коло славеше против Жрк Стружанка со резултат 32:27 (полувреме 14:14). Победникот беше решен во последните 10. минути кога Вардар го скрши отпорот на гостите од Струга.
Бојана Диневска со 11 голови беше најефикасна во Вардар, додека во Стружанка најдобра беше Магдалена Делиоска со 10 погодоци.



