Екипата на ЖРК Стружанка во последниот меч од женската Суперлига во драматичен натпребар славеше против тимот на Деспина со 22-21, иако на полувреме губеше со 9 спрема 8. Најефикасни во тимот на Стружанка беа Ивана Затуроска со 6 голови и Магдалена Делиоска со 4 погодоци која доби чудна суспензија во 30 минута од мечот поради ненамерен удар во глава врз противничка ракометарка од 9 метри.
Сепак домаќинките со сите сили во вториот дел стигнаа до вредна победа и пласман 6. позиција на крајната табела во Женската Лига.

Шампион во женската лига од поодмана е екипата на Куманово која заврши пред три скопски екипи Вардар, Металург и Чаир на крајот од сезоната.




