Последниот домашен натпревар сезонава донесе уште една победа за РК Прилеп. Прилепчани пред својата публика славеа против РК Пролет 62 со 29:27. Тренер на Прилеп е стружанецот Наум Танески, а цо тимот игра и стружанецот Цветаноски.
Домашниот тим уште во првото полувреме создаде предност (18:14), а во продолжението со сигурна и дисциплинирана игра успеа да ја задржи контролата и да стигне до нов триумф. Гостите се обидоа да се вратат во натпреварот, но Прилеп повторно покажа карактер во клучните моменти.
Најефикасни во редовите на Прилеп беа Никола Шипинкоски со 7 погодоци и Димитар Димитриоски со 6, додека важен придонес дадоа и Никола Цветаноски и Денис Шабановиќ со по 4 гола.
Со оваа победа, Прилеп останува убедливо на првото место во плеј-аут фазата пред последното коло од сезоната, кога на гостински терен ќе се соочи со Еурофарм Пелистер 2.




