Во првиот натпревар од 19. коло на машката ракометна Суперлига, Еурофарм Пелистер ја совлада Струга со 32-26 (12-11) и брзо одговори на поразот во саботата во Кавадарци. Битолчани се сега многу блиску и до математичка потврда на место во плеј-офот, втора година по ред.
Стружани одлично парираа 45.минути и беа нон стоп за гол или два негатива. Во последните петнаесетина минути домаќинот со серија од 3 гола се одлепи и таа разлика ја одржа до крајот.
Еурофарм Пелистер 2: Трајкоски, Ристевски, Кузманоски 7, Буторац 1, Пав. Атанасијевиќ 6, В. Димитровски, Митревски 2, Мирчевски, Петровиќ 5, Димитриоски 2, Талевски, Пет. Атанасијевиќ 4, Ѓорговски 3, Белистојановски 2, Блажевски, Арсеновски
Струга: Тутенкоски 1, Јанковски 2, Маркоски 4, Савески 2, Раткушиноски, Блажески 2, Ѓорѓиевски 3, Јанкуловски 3, Ферукоски, Бунчески, Стојаноски, Стрезоски, Бајрактаревиќ, Кастратовиќ 2, Костоски 5, Цветаноски 2