Македонскиот ракометар Никола Цветаноски од следната сезона ќе го носи дресот на словенечкиот клуб Ајдовшчина, со што завршува неговиот двегодишен ангажман во редовите на Прилеп.
Цветаноски во Прилеп одигра две успешни сезони, каде што се наметна како клучен играч и лидер на теренот.
Претходно, настапуваше и за Вардар Јуниор, Голден Арт и Струга, каде ги направи своите први позначајни чекори во сениорската конкуренција




