На Светското првенство во пливање за ветерани (Masters) кое се одржа во Сингапур во 2025 година, македонскиот претставник Михајло Ристовски од Струга постигна извонреден успех во маратонската дисциплина на 3 километри.
Во возрасната категорија од 40 до 44 години, Ристовски се пласираше на високото 7. место во конкуренција од 43 натпреварувачи од целиот свет. Настапот на Ристовски е посебно значаен ако се земе предвид силната конкуренција и високите температури и влажност кои го одбележаа првенството во Сингапур.





